Обвинителката Вилма Рускоска денеска потврди дека Никола Груевски го има на снимки во Црна Гора, во возило со двајца унгарски дипломати.
„Само сакам на јавноста да и потенцирам дека меѓународна правна помош од Република Албанија е побарана во исто време кога е побарана и меѓународната правна помош од Република Црна Гора. Колегите од Црна Гора постапија и Вие знаете дека ни ги доставија сите барани докази, а од кои причини не е постапено од страна на одговорните лица во Република Албанија не ми е познато, изјави Рускоска.
На прашање дали тоа значи дека Груевски го има на снимките во Црна Гора заедно со двајца унгарски дипломати, Рускоска одговори потврдно.