Македонија

Груевски испрати сериозна порака до МВР и Владата: „Од Македонија избегав многу едноставно!“

Во денешното интервју за телевизија Сител, поранешниот премиер кој е азилант во Унгарија Никола Груевски рече дека избегал многу едноставно од Македонија. Тоа е сериозна порака кон МВР и кон Владата со тоа што кажа дека од Македонија излегол многу едноставно!

„Од Македонија избегав многу едноставно. Отидов во Албанија каде што во унгарската амбасада во Тирана од каде побарав политички азил“, изјави Груевски кој што истакна дека остава на власта да открие дали легално или нелегално ја минал границата со Албанија.

Сега останува властите да го најдат патот, односно од каде Груевски ја преминал границата, дали тоа го сторил легално или не. Тоа ќе оди потешко, затоа што снимките од безбедносните камери од Албанија го бришеле материјалот. Засега никој не кажа што се со снимките од безбедносните камери од Македонија.

Пред неколку дена обвинителката Вилма Рускоска истакна дека во Црна Гора постојат снимки од Груевски во автомобил со двајца унгарски дипломати нешто кое и Груевски го потврди дека преку Албанија кон Црна Гора и Србија дошол до унгарската граница со лична карта, а во Унгарија влегол со документ од амбасадата во Тирана.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни