Груевски, Мијалков и уште пет лица од Западен Балкан на „црната листа“ на САД
Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков и уште пет лица од Западен Балкан се најдоа на „црната листа“ на САД. Министерството за финансии на САД ја објави листата на санкции за делот за корупција, со кои се опфатени седум лица од Западен Балкан, а три од нив се и на листата на Стејт департментот, со што им е забранет влез во САД.
Американскиот државен секретар Ентон и Блинкен објави дека Стејт департментот и Министерството за финансии презедоа акции за да ги санкционираат актерите на Западен Балкан поради дестабилизирачки коурптивни активности.
– САД и партнерите, како Велика Британија, ги сметаат за одговорни оние кои ја загрозуваат стабилноста, напредокот и европската интеграција на регионот, напиша Блинкен на Твитер.
На црната листа од Северна Македонија се најдоа имињата на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот прв човек на на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни