Поранешниот премиер Никола Груевски денеска на својот Фејсбук профил истакна дека не било тешко да се претпостави дека обвинителката Лиле Стефанова во завршните зборови денес ќе побара од судот максимална казна за него, а минимална за Јордан Камчев и условна за Ристо Новачевски.
„Таа денес во завршните зборови за се што не обезбеди доказ, а не обезбеди доказ за ништо, коментираше со вокабулар “докажавме…”. Изјавите во судот на обвинетите во теоријата и праксата на правото не се сметаат за доказ бидејќи обвинетите може и да лажат за да се спасат, но тоа е единствениот начин како обвинителството ќе се обиде да се спасува од пораз во овој конструиран предмет, како дел од политичкиот прогон кон мене. Предмет во кој обвинителството не обезбеди ниту елементарен матерјален доказ, ниту вербален доказ кој директно од сведоците ме посочува мене дека навистина сум купил и криел земјишта и станови, ниту влез и излез на мои пари или на лица поврзани со мене, ниту пак можеше да обезбеди бидејќи тоа не се случило“, пишува Груевски.