Никола Груевски доби азил од унгарските власти. Оваа информација тој ја соопшти самиот повторно преку својот „Фејсбук“ профил на кој пред неколку дена напиша дека се наоѓа во Будимпешта и дека ќе бара азил.
„Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил заради политички прогон во Република Македонија.
Во барањето за политички азил наведов дека истиот го барам заради политички прогон од новата влада предводен од партијата СДСМ.
Наведов дека владата сака да ми ја одземе слободата користејки недемократски чекори и методи и злоупотребувајки го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија“, напиша меѓудругото Груевски.
