Македонија

Ѓуретановиќ: Бев многу возбуден и моите години го сторија своето

Ѓуретановиќ: Бев многу возбуден и моите години го сторија своето

16-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ кој претпладнево беше првиот од шесте македонски репрезенти на Олимписките игри 2024, вели „возраста и тремата како фактор во Париз, но надеж за „подобро утре“ во големите натпреварувања во иднина“.

„Имав трема пред трката. И моите години го сторија своето. Бев многу возбуден. Сепак ова е големо искуство за мене. Секако, дека ќе се прикажам во подобро светло на следните големи натпреварувања“, изјави 16-годишниот Ѓуретановиќ.

Ѓуретановиќ се појави во квалификациите на 400 метри слободен стил. Делницата ја исплива со време 4:05:38 минути, што беше за три секунди од неговиот личен рекорд со кој беше пријавен за Игрите. Беше последен во својата група со пет пливачи и последен воопшто во квалификациите на 400 метри слободно.

Следниот настап на македонски претставник во Париз е веќе утре (недела), кога на олимписката сцена ќе излезе стрелачката Анастасија Мојсовска во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни