Македонија

Хакирани серверите на Општина Аеродром – Муцунски вели не се загрозени доверливи информации

Хакирани серверите на Општина Аеродром – Муцунски вели не се загрозени доверливи информации

Серверите на Oпштина Аеродром од пред три дена се хакирани, а службите во Општината не можат да работат, бидејќи им е кажано да не ги вклучуваат компјутерите додека не се реши случајот, пишува СДК.мк.

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски потврдува дека Општината била цел на хакерски напади од странски поединци или организирани групи, но додава дека е информирана полицијата и се преземаат активности за расчистување на случајот.

„За нас најважно е дека со ваквиот напад не е доведена во прашање безбедноста на класифицирани, доверливи информации или пак лични податоци. Единствено настанот има влијание на секојдневното и нормално извршување на работните задачи од страна на општинската администрација. Информациите кои ги добив од страна на вработените, говорат дека состојбата ќе биде вратена во нормала во најкраток временски рок, односно веќе во следните денови ќе имаме функционален информатички систем“, вели Муцунски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни