Свет

Хаос во Венецуела, САД најавува нови санкции: „Кој болен тиран ја спречува храната за гладните луѓе?“

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, треба за прв пат да се состане со лидерот на Венецуаела во Колумбија утре во знак на поддршка за Хуан Гуиду по викендот кој беше исполнет со насилство.

Армијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во саботата ги блокираше конвоите за хуманитарна помош на преминот од Колумбија до Венецуела користејќи солзавец и гумени куршуми и уби двајца демонстранти. САД утре може да воведат нови санкции за насилство за да Владата на Мадуро остане без приходи.

Пенс отпатува за главниот град на Колумбија, Богота, за да се состане со група регионални лидери кои го признаа Гаида како легитимен лидер на Венецуела, откако Мадуро одржа минатогодишни избори чии резултати не беа признати. Висок американски претставник во петокот за новинарите изјави дека Пенс ќе биде подготвен да прогласи нови санкции на состанокот за тоа дали помошта ќе биде вратена, со дополнителен притисок врз државната нафтена компанија PDVSA.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер објави дека “САД ќе преземат акција против оние кои се противат на мирна реконструкција на демократијата во Венецуела”.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни