Американскиот потпретседател и кандидат за претседател на Демократската партија Камала Харис денеска изјави дека е постигнат „извесен напредок“ во однос на договорот за прекин на огнот во Газа, но дека овој напредок е „бесмислен“ доколку договорот всушност не биде постигнат.
„Треба да постигнеме прекин на огнот и договор за заложниците што е можно поскоро“, изјави Харис на телевизијата Си-Би-Ес, пренесе Ројтерс.
Харис во неделата најави дека Вашингтон ќе изврши притисок врз Израел и другите страни во регионот на Блискиот Исток со цел да се постигне договор за прекин на огнот во Газа, пренесува Танјуг.