Откако вчера на Фејсбук напиша „наскоро на кафе во Приштина“, заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, се сретна со министерот за здравство на Косово, Арменд Земајн.
На средбата заклучиле дека подобрувањето на епидемиолошката состојба со Ковид-19, дава можност за разгледување на мерките за слободно движење меѓу двете земји.
„На средбата беше истакнато дека подобрувањето на состојбата со Ковид-19 во двете земји, отвора можност за разгледување на мерките за движење меѓу двете земји, при што ќе им се помогне и на економските субјекти за да се справат со состојбата која настава поради Ковид-19. Се договоривме да се интензивира соработката меѓу двете земји, во интерес на здравјето на сите граѓани“, пишува во соопштените.
.
