Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Ходаи: Владата со новиот модел за студентски оброк само купува време поради револтот на студентите

Ходаи: Владата со новиот модел за студентски оброк само купува време поради револтот на студентите

Најавите за воведување нов модел за користење на субвенционираниот студентски оброк се обид на Владата да купи време и да го намали незадоволството кај студентите, смета Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени.

Гостувајќи во „Ноќно студио“ на 4ТВ, Ходаи ги критикуваше најавите за изработка на нова електронска платформа, чија примена, според најавите споменати во емисијата, би можела да започне од 1 октомври 2027 година, доколку студентските собранија го прифатат предложениот модел.

„Ова што моментално го тера Владата е само за да купи време во однос на револтот што го имаат студентите за субвенционираниот студентски оброк“, изјави Ходаи.

Тој го постави прашањето зошто веќе се започнува со изработка на платформата, доколку сè уште се чека официјален одговор од студентските претставници.

„Прво кажувате дека веќе сте почнале со изработка на платформа, ама чекате одговор од студентите. Што ако студентите кажат не, а вие веќе сте почнале една процедура? Или сте ја платиле таа процедура за изработка на апликација?“, праша Ходаи.

Според него, Владата остава впечаток дека однапред очекува позитивен одговор од студентските собранија, иако консултациите сè уште не се завршени.

Ходаи нагласи дека прашањето за висината на студентскиот оброк и прашањето за моделот на неговото користење се две различни теми кои не треба да се мешаат.

Тој смета дека приоритет на институциите треба да биде исполнувањето на постојните законски обврски кон студентите, а дури потоа да се разговара за евентуални промени во начинот на користење на субвенцијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни