Тело на жена е пронајдено завиткано во тепих во стан во зграда во Хамбург, соопшти германската полиција.
Наводно, се работи за 34-годишен станар. Полицијата не можела да ја утврди точната причина за смртта, а за овој случај е покрената истрага.
Одделот за крвни деликти покрена истрага.
Соседите од населбата повикале полиција кога почувствувале непријатна миризба како доаѓа од споменатиот стан. Кога полицајците заѕвониле на вратата, никој не се јавил, па биле принудени да ја скршат вратата.
При претрес на станот во плакарот било пронајдено женско тело.
Телото на жената е испратено во Институтот за судска медицина каде ќе биде извршена обдукција.