Свет

Хорор: Експлодираше трикатна зграда во Хаг, се бараат преживеани под урнатините

Хорор: Експлодираше трикатна зграда во Хаг, се бараат преживеани под урнатините

Експлозијата во трикатницата одекнала во текот на ноќта, по што дел од зградата се урнал, а остатокот го зафатил голем пожар кој се уште не е целосно изгаснат. Досега четири лица се извлечени живи од урнатините, а се трага по останатите жртви.

Се стравува дека најмалку 20 лица загинале како последица на експлозијата и последователниот пожар што зафати трикатна станбена зграда во хашкото предградие Тарвекамп. Силна експлозија одекнала во ноќта во саботата.

Сите итните служби излегле на терен, а во првите часови по несреќата четири лица биле извлечени од урнатините и префрлени во болница. Оштетени се и неколку околни згради, а пожарот кој избувна се уште не е целосно изгаснат, пишува холандски RTL.

Поради густиот чад, на жителите на околните згради им беше препорачано да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор освен ако е апсолутно неопходно.

По гаснењето на пожарот, спасувачите со кучиња трагачи ќе излезат на терен за што поскоро да ги извлечат жртвите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни