Хорор во Србија: Мечка нападна чувар поради мали мечиња

Ловочувар во селото Рибариќи кај Рашка пред два дена бил нападнат од мечка додека ги бранела младенчињата.

Како што дознаваме, мечката го обезличила несреќниот човек нанесувајќи му повеќе повреди на главата и телото.

– Мажот се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во ВМА, вели изворот на „Блиц“.

Според информациите, несреќниот маж наводно исплашил мечка која имала младенчиња, поради што го нападнала.