Во Велика Британија во тек е судењето на тинејџерот кој уби девојка со нож поради расправија за плишана играчка, објавија денеска британските медиуми.
И ставил нож во вратот на Елијан, пријателка на неговата поранешна девојка, откако се скарале затоа што не се согласил да и ја врати плишаната играчка, пренесува Скај Њуз.
Обвинетиот Хасан Сентаму (18) се изјаснил за невин за убиството на ученичката, наведувајќи дека одговорноста му била намалена поради дијагностициран аутизам, пренесува Скај Њуз.
Сентаму, кој за време на убиството имал 17 години, рекол дека ja убил Елијан Андам бидејќи изгубил контрола.
Обвинителот, сепак, рече дека Сентаму отишол да ги пречека девојчињата, земајќи кујнски нож со себе, што докажува дека имал намера да ги повреди или убие.
Продолжува судењето на тинејџерот во лондонскиот суд.