Свет

Хрват и Босанец осомничени за силување и обид за киднапирање на 76-годишна жена во Австрија

Хрват и Босанец осомничени за силување и обид за киднапирање на 76-годишна жена во Австрија

Државната канцеларија на криминалистичката полиција во Австрија го истражува случајот со силување и обид за киднапирање на 76-годишна жена во Долна Австрија. Како што е соопштено, државјанин на Босна и Херцеговина (21) и државјанин на Хрватска (29) се обвинети дека насилно внеле пензионерка во возило во градот Молерсдорф (регион Баден) за време на викендот и ја малтретирале.

Според полицијата, инцидентот се случил сред бел ден на 30 ноември. Дуото и пришле на жртвата на улица и ја одвлекле, пишува Куриер.ат.

Жената била спасена благодарение на сведок кој пријавил во полиција дека видел нешто што личи на киднапирање. Недолго по злосторството, 21-годишникот бил запрен во близина на местото каде се случило се и бил уапсен. По потерата е уапсен неговиот соучесник од Хрватска.

Се претпоставува дека и двајцата биле под дејство на алкохол и дрога. По нив се води истрага за кривично дело силување и обид за киднапирање.

Младите момчиња од БиХ и Хрватска се во притвор во „Јустизаншталт Винер Нојштад“, каде што се приведени по барање на обвинителството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни