Македонија

Хуманост на дело: Докторка донираше матични клетки за да спаси пациент болен од леукемија

Хуманост на дело: Докторка донираше матични клетки за да спаси пациент болен од леукемија

На Клиниката за хематологија се реализираше значаен чин на храбост и човекољубие, кога млад лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој спасува живот на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест.

Трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција.

По тој повод, министерот за здравство д-р Фатмир Меџити ја посети докторката, донор на матични клетки, на која и се заблагодари за храброста и несебична посветеност да спаси туѓ живот.

– Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток, изјави министерот Меџити.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни