Македонија

И АA се јави со осуда за палењето на возилото на Груби: Ваквите хулигански дела се неподносливи во демократска земја!

И АA се јави со осуда за палењето на возилото на Груби: Ваквите хулигански дела се неподносливи во демократска земја!

Алијансата за Албанците најостро го осудува вандалскиот и неподнослив чин на палење на автомобилот на вицепремиерот Артан Груби.

„Ваквите хулигански дела се неподносливи во демократска земја и општество.

Ги повикуваме органите на прогонот што поскоро да го решат случајот и да ги откријат сторителите.

Надвор од политичките разлики и несогласувања, сите субјекти и институции мора да ги осудат ваквите дела, додека редот и безбедноста мора да бидат гарантирани за секој граѓанин.

Овие закани и вандалски напади претставуваат опасност за целото општество и како такви мора да бидат осудени од сите, без разлика“, велат од партијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни