Македонија

Иако е жешко, денес сме најдалеку од Сонцето – Земјата во точката на афел

Иако е жешко, денес сме најдалеку од Сонцето – Земјата во точката на афел

Денес е исклучително жежок ден. Еве еден податок кој можеби ќе ве „разлади“ барем малку: Денес се наоѓаме најдалеку од Сонцето. Денеска Земјата се наоѓа во точката на афел – моментот кога, во својата орбита, е најдалеку од Сонцето, велат од Скопското астрономско друштво.

„Земјата не се врти околу Сонцето по совршен круг, туку по елипса која има два центра, а во едниот од нив се наоѓа Сонцето. Најблиску сме до Сонцето веднаш по Нова година, некаде од 2 до 5 јануари, и тогаш се наоѓаме во т.н. перихел. А најдалеку сме токму овие денови – од 2 до 5 јули – кога се наоѓаме во афел.

Се надевам дека ова сознание, дека денес сме најдалеку од Сонцето, барем малку ќе ви донесе чувство на свежина во оваа голема горештина“, се вели во објавата на Скопското астрономско друштво.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни