Секретарот на Алтернатива, Зеќирја Ибрахими денеска изјави дека Алтернатива се уште ја плаќа цената во гласачкото тело за одлуката за влез во Владата во 2021 година.
Ибрахими рече дека оваа одлука има голема тежина во отворањето на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.
„Ако Алтернативата не беше воведена во Владата во 2021 година, ниту Северна Македонија, ниту Албанија, не само Северна Македонија, две држави немаше да започнат преговори за членство во ЕУ. Одлуката на Алтернатива, како што може да се каже на јазикот на Нил Армстронг, мал чекор за Алтернатива, но беше голем чекор за Балканот“, рече Ибрахими.