Македонија

Идентификуван убиецот од Батинци, но сè уште во бегство

Идентификуван убиецот од Батинци, но сè уште во бегство

Дежурен јавен обвинител денеска изврши увид на лице место по пукањето во скопското село Батинци, при што издаде наредби и насоки за прибирање на сите потребни докази за расветлување на случајот.

Од надлежните институции информираат дека сторителот е веќе идентификуван, но се наоѓа во бегство и по него интензивно се трага.

Истрагата е во тек, а полицијата презема мерки за негово брзо пронаоѓање и приведување.

Што кажа МВР?

Денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, потврдуваат од Градската болница во врска со пукањето во Батинци. Лекарите велат дека веднаш биле преземени мерки за реанимација, но констатирале дека жртвата веќе била мртва во моментот на приемот.

Поврзана објаваФОТО Во пукањето во Батинци загина припадник на АРМ

Што рекоа од АРМ?

Лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое беше повредено во трагичниот настан денеска, им подлегна на повредите, информира Канцеларијата за воени односи со јавноста. Починатиот бил припадник на Армијата, но за време на настанот не бил на служба, туку користел слободен ден.

На местото на инцидентот излезе јавен обвинител, екипи од Министерството за внатрешни работи и дежурна служба на Воената полиција. Од Армијата изразија длабока жалост и сочувство до семејството на починатиот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни