Идната недела завршува мерката за замрзнување на маржите на околу 70 производи, за кои се ограничи бруто профитната маржа на 10%.
Есенската кошничка беше објавена на 20 септември, и опфаќаше ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогург, млечни производи, зеленчук и овошје. Владата ја донесе на предлог на Министерството за економија и труд.
Ресорниот министер Бесар Дурмиши тогаш на прес-конференција рече дека со стапување во сила на оваа одлука се очекува трошоците за храна и безалкохолни пијалоци да се намалат во просек за околу 10 проценти.
Неколку пати Државниот пазарен инспекторат објави за злоупотреби од страна на производителите на оваа мерка, и најавуваше жестоки казни.