Илјадници граѓани се собраа на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, каде што одржаа комеморација за 32-годишниот Кристијан Јосип Периш, кој пред еден месец почина во психијатриската клиника „Свети Иван“.
На барање на неговото семејство, присутните истовремено кренаа бели перници во воздух, како симболичен потсетник на последните моменти од неговиот живот. Сцената предизвика силни емоции меѓу собраните граѓани.
„Подигнете ги перниците, нека оваа слика го обиколи светот. Ова не е само слика на она што му се случи на Кристијан, туку и на сè што нè задушува како општество“, порачаа од комеморацијата.
Семејството побара целосно расветлување на околностите под кои починал Кристијан, како и одговорност од надлежните институции.
Белите перници станаа симбол на протестот и барањето за вистина и правда, додека илјадници граѓани со нивното подигнување испратија порака дека случајот не смее да остане без одговор.