Свет

Илјадници протестираа во Пакистан по обидот за атентат врз поранешниот премиер

Илјадници протестираа во Пакистан по обидот за атентат врз поранешниот премиер

Ноќ на тензии во Пакистан откако поранешниот премиер Имран Кан беше застрелан во ногата во обид за атентат. Илјадници негови поддржувачи излегоа на улиците барајќи правда.

Во главниот град Исламабад, демонстрантите кренаа антивладини постери и блокираа улици. Демонстрации се одржаа и во голем број други градови.

Обидот за атентат врз Имран Кан беше извршен за време на неговата изборна кампања вчера во главниот град. Вооружен маж пукал во неговиот конвој и успеал да го рани. Животот на Кан не бил во опасност, но во нападот загинало едно лице, а најмалку четворица се повредени.

Пред властите, осомничениот за нападот ја призна вината и изјави дека целта му била да го убие само поранешниот премиер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни