Свет

Илон Маск ќе издвојува 45 милиони долари месечно за поддршка на Трамп

Илон Маск ќе издвојува 45 милиони долари месечно за поддршка на Трамп

Американскиот претприемач и моментално најбогат човек во светот, Илон Маск, планира да донира околу 45 милиони долари месечно на новиот политички акционен комитет кој ја поддржува претседателската кандидатура на Доналд Трамп, пишува Wall Street Journal (WSJ), повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Комитетот „America PAC“, основан на крајот на мај, е финансиски поддржан од други познати личности од технолошкиот сектор, како што се браќата Тајлер и Камерон Винклвос, милијардери познати по инвестирањето во криптовалути.

На листата на донатори се најде и директорот на одборот на директори на компанијата на Маск SpaceX, Антонио Грасијас, кој претходно беше шеф на одборот на директори на Tesla, пренесува порталот Verdž.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни