Наука и технологија

Илон Маск: „Твитер“ може да банкротира доколку не се направат кратења

Илон Маск: „Твитер“ може да банкротира доколку не се направат кратења

„Твитер“ може да банкротира доколку не се направат кратења и промени во финансирањето. Ова го предупредува Илон Маск , кој ја стекна социјалната мрежа.

Светските агенции јавуваат дека во писмо до вработените, Маск напишал дека „Твитер“ може да загуби милијарди долари во следната година. Тој посочува дека доколку не се развијат нови извори на приходи, постои ризик од пропаст на компанијата.

Маск веќе отпушти речиси половина од вработените , а другите на клучни позиции самите си поднесоа отказ.
Според новиот сопственик, социјалната мрежа губи преку 4 милиони долари дневно.

Агенциите истакнуваат дека една од причините е повлекувањето на огласувачите откако Маск го купи Твитер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни