Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.И.(57) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешки дела против општа сигурност“, а во врска со кривично дело ,,предизвикување општа опасност“.
На 04.10.2023, по претходна расправија, пријавениот се заканил на неговата сопруга и нејзините синови, а кога таа излегла од домот тој предизвикал пожар.