Во тунелот кај Катланово денеска немало нова сообраќајна несреќа.
Имено, информацијата што претходно ја испратија од Центарот за управување со кризи, а по известување од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта е погрешна.
„Поради технички причини од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека патниот правец Велес -Скопје не е во прекин и немало сообраќајна незгода. Информацијата од нивна страна по грешка е пуштена за настанот кој се случил на 26.06.2023 година“, објави ЦУК во корекцијата.