Интензивиран откупот на тутунот од годинашната реколта

Откупот на тутунот од годинашната реколта се интензивира, а пет од десетте лиценцирани компании веќе ги отворија пунктовите за преземање на родот. Деновиве се очекува уште три компании да започнат со откуп, што дополнително го забрзува процесот.

– Со отворањето на пунктовите и најавата дека до четврток осум од десетте компании ќе започнат со откуп, се гледа дека интересот и интензитетот на преземање на тутунот се зголемени. Ова покажува дека тутунарите се задоволни со проценката на тутунот од прва класа и цената од 420 денари за килограм, истакна Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија на Македонија.

Се вчитува...

Досега се откупени околу 500 тони тутун по цена од 420 денари за килограм. Сојузот апелира откупот да не се врши по класи, за да се одржи просечната цена на нивото од минатата година. И покрај тоа што откупот е во тек, останува барањето за зголемување на цената на тутунот.

– Ако дозволевме откуп по класи, просекот на цените ќе паднеше под минатогодишниот. Со сегашниот пристап се задржува просекот од 420 денари за килограм за прва класа, а другите класи се нивоа: 360 денари за втора и 300 денари за трета. Прво се купува летниот тутун, додека есенскиот се суши и не треба да се носи за откуп сега. Секојдневно сме во контакт со компаниите за можни анекси на договорите, додаде Ристески.

Крајниот рок за сите десет компании да ја откупат реколтата, која изнесува околу 22.000 тони, е 15 декември. Во предложените законски измени, Сојузот бара откупот да започнува на 1 декември и да