Македонија

Интерпелација за Талат Џафери, Апасиев бара уште три јунаци!

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев бара уште тројца пратеници за да почнат постапка за интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Причина за тоа е драмата која се случуваше синоќа во Собранието, кога Џафери ги заклучи вратите од собраниската сала.

„Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води Парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет – за да почне постапката за интерпелација. Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот“, напиша Апасиев на Фејсбук.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини спикерот дека направил кривично дело, го загрозил слободното движење на пратениците и го прекшил Уставот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни