Македонија

Инцидент на напревар меѓу Силекс и Шкупи: 6 лица од Кратово се однесувале недолично и скандирале навреди!

Инцидент на напревар меѓу Силекс и Шкупи: 6 лица од Кратово се однесувале недолично и скандирале навреди!

На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово  и ФК „Шкупи“  од  Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.

Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни