Утрово околу 10 часот на меѓународниот аеродром во Скопје при минување на граничната контрола обезбедувањето на претседателката на Косово Вјеса Османи предизвика инцидент откако одби да и ги скенира телефонот и рачниот багаж.
„По половина час дојде лице од обезбедувањето на претседателот на собранието Африм Гаши (полицаец) со уште две лица (полицајци) и почна да им се заканува на вработените во ТАВ (наша забелешка: концесионерот на аеродромот) и да прашува кој му направи проблем на претседателот. Истовремено удрил и полицаец вработен на граничниот премин“, соопшти МВР.
Претседателот на Собранието Африм Гаши ја демантираше полицијата. Тој вели дека неговите телохранители воопшто не биле вклучени во инцидентот.
„Членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши беа присутни само за да се смири ситуацијата предизвикана од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателот на Република Косово Вјоса Османи и припадниците на аеродромското обезбедување. Телохранителите на претседателот Гаши, кои се вработени во МВР, интервенираа за да ја смират ситуацијата и да им помогнат на своите колеги да ги спроведат безбедносните процедури при посетата на ВИП лица“, рече претседателот на македонското Собрание Африм Гаши.
Вјоса Османи во изјава му се заблагодари на претседателот на македонското Собрание за помошта.
„Ваквото однесување на персоналот на македонскиот аеродром е спротивно на секоја меѓународна практика. Личната чанта на претседателот е одземена. Арогантното и насилничко однесување на вработената на скопскиот аеродром е без преседан и никогаш не се случило за време на патување на претседателот никаде во светот, вклучително и непризнаени земји. Јасно се забележува дека во предметниот случај имаше тенденција да се испровоцира делегацијата на Република Косово и да се предизвика инцидент“, напиша Османи.
Од аеродромот велат дека се однесувале како и секој друг ВИП патник.
„Безбедноста на воздухопловството не беше загрозена поради фактот што дотичниот инцидент се случи на јавната површина на аеродромот, односно пред контролниот пункт на ВИП салонот. Одделот за безбедност на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања, изврши стандардна безбедносна проверка на наведениот патник како и на неговиот багаж.
По инцидентот, багажот се уште бил скениран.