Свет

Инцидент на железничка станица во Минхен: Македонец турнал човек на шините

Инцидент на железничка станица во Минхен: Македонец турнал човек на шините

Околу 20 часот во неделата навечер, на првиот перон од железничката станица Остбанхоф во Минхен, дошло до сериозен инцидент во кој 25-годишен државјанин на Македонија турнал 30-годишен Авганистанец на шините. Според информациите од германската сојузна полиција, нападот бил намерен – Македонецот го турнал мажот со двете раце, по што тој паднал на грб на шините.

Среќна околност е што во тој момент на перонот се наоѓал 25-годишен маж од Гамбија, кој без двоумење му помогнал на повредениот да се искачи назад на перонот, непосредно пред да пристигне воз. Авганистанецот сепак завршил во болница поради повредите.

Полицијата соопшти дека и двајцата мажи биле под дејство на алкохол – напаѓачот имал 0,9 промили алкохол во крвта, а жртвата 1,6 промили. Случајот е под истрага.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни