Македонија

Инцидент во Комплексот клиники „Мајка Тереза“: Влегол во просторија, украл паричник и нападнал вработена

Инцидент во Комплексот клиники „Мајка Тереза“: Влегол во просторија, украл паричник и нападнал вработена

Инцидент во скопскиот Клинички центар завршил со приведување на 42-годишен маж од Штип, откако, според пријавата до полицијата, влегол во просторија наменета за вработените и одзел лични предмети, а потоа физички нападнал вработена која се обидела да го спречи.

Настанот се случил на 30 август во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Според информациите од МВР, околу 13:55 часот О.С.А. (42) од Штип влегол во просторија за вработени во една од клиниките.

Од просторијата, како што е пријавено, тој одзел паричник и други лични предмети сопственост на 56-годишната Т.Д. од Скопје.

Вработената го затекнала во просторијата и се обидела да го спречи, по што, според пријавеното, 42-годишникот физички ја нападнал.

Случајот бил пријавен во полиција, по што полициски службеници од СВР Скопје презеле мерки за расчистување на настанот.

Околу 14:50 часот осомничениот бил лишен од слобода и приведен во врска со случајот.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок до надлежните органи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни