Ирски погачи од компир: Совршен прилог за секое јадење

За да го подготвите потребни ви се само 3 состојки, а нема да можете да му одолеете на вкусот

Состојки:

2 чаши пире од компири
1 чаша брашно
3 лажици стопен путер или маснотии

Подготовка:

Сварете ги компирите, па направете пире во кое ќе додадете путер и сол. Додадете брашно колку што ви треба за да добиете компактно тесто, но не смее да стане суво.

Расукајте го тестото со сукало. Направете кругови со дебелина од околу 1,5 см. Направете дупчиња со вилушка, па печете во тавче додека не поруменат.

Поврзани вести

Најважното