Македонија

Исчезнатoто девојче последен пат забележано кај „Броз кафе“ од каде ѝ се губи трагата

Исчезнатoто девојче последен пат забележано кај „Броз кафе“ од каде ѝ се губи трагата

МВР интензивно трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје откако вчера во 08.35 часот нејзината мајка пријавила дека е исчезната.

Мајката на исчезнатото девојче, за „Макфакс“ раскажува дека и таа и полицијата го прегледувале нејзиниот компјутер, но дека не пронашле ништо, a појасни и дека полицијата ги прегледувала и камерите и сите достапни материјали и докази што би можеле да помогнат во потрагата.

Мајката, исто така, реагира на написите и коментарите на јавноста кои упатуваат критики за работата на полицијата.

„Морав да реагирам, затоа што полицијата активно работи на пронаоѓање на нашата Вања. Сите инспектори се вклучени, сите работат. Јас синоќа до три часот после полноќ бев во полициската станица „Беко“ и сите беа вклучени во потрагата. Вклучени сме сите, и полицијата, и роднини и пријатели и другарчињата. Сега излепивме и постери со ликот на Вања во Центар за полесно пронаоѓање“, раскажува мајката.

Телефонот на Вања, како што додава и натаму е исклучен.

„Вања излезе вчера утрото во 07 часот и 20 минути а јас излегов по неа во 07 часот и 40 минути. По кратко време ми се јави нејзината класна и ми кажа дека Вања не е на училиште. Јас веднаш ја побарав но беше недостапна, телефонот и беше исклучен. Проверив на „Гугл Мапс“ и видов дека последно е регистрирана во близина на „Броз кафе“ на Партизанска“, појаснува таа.

Вели дека Вања била весела вечерта пред настанот, и дека ништо не наведувало дека нешто такво може да се случи, а ги распрашала и нејзините другарчиња, кои велат дека никој вчера не ја видел во училиште.

„Како родители мислиме само на најлошто. Надлежните ни велат дека досега не памтат сличен ваков случај“, додава Ѓорчевска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни