Македонија

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во трговскиот центар „Блис“ во Битола

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во трговскиот центар „Блис“ во Битола

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во трговскиот центар „Блис“ во Битола, чие отворање е закажано за 5 август.

Вчера попладне изби пожар по кој интервенирале пожарникарите, а детали објави „Беком инвест“ за кој напиша дека е несреќен случај.

Бил настанат при монтирање на држачи на фасадата, при што искрата запалила фасаден панел.

„Нема жртви, ниту повредени. Единствено, според првичниот увид, причинета е материјална штета која го опфаќа фасадниот панел на источната страна, кој благодарение на фактот што е со PIR исполна (огноотпорен) во комбинација со PIR (огноотпорни) кровни панели и дополнителна внатрешна изолација со камена волна и огноотпорни ѕидови од гипсени табли, се спречи проширување во внатрешноста на објектот и на околните фасади од објектот“, се вели во соопштението.

Пожарот бил пријавен вчера околу 18 часот, и за нешто повеќе од 1 еден час бил ставен под контрола. За време на гасењето биле сечени дел од фасадните панели.

Во новиот трговски центар ќе има брендови од познати компании.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни