Македонија

Истражителите на ОЈО ангажирани за проверка на наводната дупка од 200 милиони евра во министерството за финансии

Истражителите на ОЈО ангажирани за проверка на наводната дупка од 200 милиони евра во министерството за финансии

На брифинг во Јавното обвинителство, беше соопштено дека се врши истрага и се собираат докази од министерството за финансии, после кажувањето од страна на премиерот Христијан Мицкоски дека има „дупка“ од 200 милиони евра, пренесува репортерот на ТВ21 од брифингот.

„Премиерот кажа дека има дупка од 200 милиони евра. Јас и ОЈО Скопје и ОЈО ГОК ангажиравме двајца обвинители и истражители и отидоа во Министерството за финансии после тој допрен глас дека има дупка. Треба да ги земе сите компјутери, сите материјални докази, но тогаш државата не може да функционира. Јавните обвинители и објаснија на министерката што е институтот допрен глас и од наша страна им беше кажано како ние може да постапиме, и тоа од страна на министерката било кажано и на повисоко ниво. Од политичарите и медиумите лесно е да се каже дека не се постапува по допрен глас, бидејќи е невозможно. Оти ако ние ги соберевме сите компјутери од финансии за 10 минути ќе блокираше државата“, рече Љупчо Коцевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни