Македонија

Изби пожар во фабрика за текстил во Прилеп – пожарникарите се обидуваат да го локализираат!

Изби пожар во фабрика за текстил во Прилеп – пожарникарите се обидуваат да го локализираат!

Околу 13 часот избувна пожар на покривната конструкција на текстилната фабрика „Тила“ во Прилеп.

Зафатени се покривот на фабриката и сончевите колектори. Пожарникари со противпожарни возила од ППЕ Прилеп повеќе од еден час се обидуваат да го локализираат пожарот кој се уште гори.

Според првичните сознанија, за време на избувнувањето на пожарот во фабриката немало никој. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Фабриката „Тила“ произведува конфекција за деца.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни