Македонија

Изби пожар во куќа во Куманово – сопственикот почина во болница, повредени две лица

Изби пожар во куќа во Куманово – сопственикот почина во болница, повредени две лица

На 15.02.2023 во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М.(69) од Куманово.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал.

Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид бил извршен.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни