Граѓаните на Србија по втор пат за неполни две години излегуваат на гласање, а од утринава во седум часот на повеќе од 8.000 избирачки места ќе гласаат за републичкиот, Војводина, белградскиот парламент и 65 локални собранија. .
До 10 часот на парламентарните избори гласале 9,94 отсто од граѓаните, додека на ланските избори во истиот период излезноста била 9,59 отсто, покажуваат податоците објавени на конференцијата на Републичката изборна комисија (РЕК).
Во Војводина до 10 часот гласале 11,61 отсто од гласачите, во регионот на Шумадија и Западна Србија 8,18 отсто, во регионот на Јужна и Источна Србија 9,53 отсто, а во Белград 9,88 отсто од избирачите, објави директорот на Републичкиот завод.за статистика (РЗС) Миладин Ковачевиќ.
Нешто пониски се проекциите на невладината Центар за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) – до 10 часот излезеноста на парламентарните избори беше 9,8 отсто, што е слично на изборите во 2022 година, кога гласаа 10 отсто.
Во Белград на парламентарните избори гласале 9,6 отсто од запишаните гласачи – што е повеќе од претходните, кога излезноста во овој период беше 8,4 отсто, соопшти ЦРТА.
Во случај да дојде до прекин на гласањето на избирачко место повеќе од еден час, времето до кое може да се гласа ќе се продолжи, изјави претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ.
Колку гласачки ливчиња ќе имаат пред себе гласачите зависи од местото каде гласаат.
Право да избираат пратеници во републичкиот парламент имаат вкупно 6.500.165 гласачи.
За пратеници во покраинското собрание гласаат и жителите на Војводина.
И белграѓани ќе имаат две ливчиња пред себе, освен за пратеници ќе гласаат и за градски советници.
Истото важи и за жителите на централна Србија – локални избори се одржуваат во повеќе од 60 градови и општини.
Денешното гласање ќе трае до 20 часа непрекинато, а може да биде продолжено доколку има одредени прекини, рече Димитријевиќ.
Тој ги потсети и сите членови на избирачките одбори дека се должни да го одржуваат редот на избирачкото место и да не преземаат дејствија кои повлекуваат кривична и прекршочна одговорност.
