Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид информира дека пожарот што избувна во селото Рамне е целосно изгаснат.
Противпожарните екипи дејствувале брзо и ефикасно на терен во период од два часа, поточно од 19:25 до 21:25 часот.
Во успешното локализирање и гаснење на огнената стихија учествувале 12 пожарникари со 4 противпожарни возила.