Македонија

„Изиџет“ се враќа во Македонија: Линија Скопје – Париз стартува напролет

„Изиџет“ се враќа во Македонија: Линија Скопје – Париз стартува напролет

Компанијата „Изиџет“, позната по нискобуџетните летови, планира да се врати во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз.

Истата компанија минатиот месец престана да лета од Женева до Скопје.

Од Скопје ќе се лета до Париз почнувајќи од пролет, односно на аеродромот „Орли“ кој е 20 километри од главниот француски град. Сега има линија на „Визер“ до Париз, но до аеродромот „Буве“ кој е 90 километри подалеку од Париз.

Минатата година „Визер“ превел 39.918 патници од Скопје до Париз.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни