Закрепнувањето на руската економија ќе трае подолго од нормалното.
Ова се наведува во извештајот на руската централна банка, пренесе ТАСС.
Падот на БДП за годинава ќе биде помал. Сепак, закрепнувањето ќе трае подолго од првично очекуваното.
БДП се очекува да се намали на 3 или 3,5 отсто, што е подобрување од првичните очекувања од 4 до 6 отсто.
Ограничувањата на понудата може да се покажат како подолготрајни. Се очекува руската економија следната година да се намали за меѓу 1 и 4 отсто.
Растот во четвртиот квартал од наредната година ќе биде помал од очекуваниот. Во следните две години се очекува раст меѓу 1,5 и 2,5 отсто.
Извештајот ги разгледува различните модели на економијата.