Македонија

ИЗМАМА НА ИНТЕРНЕТ: Лажни објави за крипто инвестиции со злоупотреба на имиња на новинари

ИЗМАМА НА ИНТЕРНЕТ: Лажни објави за крипто инвестиции со злоупотреба на имиња на новинари

На друштвените мрежи и интернет циркулираат платени објави и лажна страница, кои ги повикуваат корисниците да инвестираат во „најпаметниот софтвер за крипто валути во светот“.

Новинарот Јовица Пауноски од ТВ21 заедно со останатите колеги меѓу кои и Сашка Цветковска, Борјан Јовановски, Фуркан Салиу и Ирена Мулачка се меѓу последните за кои се објавени монтирани снимки.

ТВ21 но и новинарите изјавуваат дека немаат никаква врска со материјалите и дека лицата на никаков начин не се поврзани со активности за рекламирање на софтвер за крипто валути. Ги повикуваме граѓаните да не ги отвораат овие вести.

За овој случај ќе бидат информирани надлежните органи.

Инаку, над една петтина од фишинг-мејловите доаѓаат од Русија, што ја прави најчестиот вид на сајбер криминал во светот. Секој ден се испраќаат 3,4 милијарди спам пораки. Најчесто се крадат лични податоци. Гугл дневно блокира околу 100 милиони е-пошта за фишинг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни