Македонија

Изминатата недела нови 50 случаи на грип!

Изминатата недела нови 50 случаи на грип!

Во текот на 42. недела од 2024 година, пријавени се 50 случаи на грип и заболувања слични на грипот, што е 61,3% повеќе во споредба со претходната недела.

Најмногу заболени се регистрирани во Куманово (18), Гостивар (16), Свети Николе (7), Тетово (5), и Кавадарци и Кочани (по 2). Од вкупно 106 случаи, 38 се во возраст од 15 до 64 години, 5 се над 65, 6 се деца од 5 до 14 години, и 1 дете помладо од 4 години.

ИЈЗ потсетува на важноста на вакцинацијата против сезонски грип, особено за ризичните групи, вклучувајќи постари лица, деца, бремени жени и здравствени работници. Бесплатни вакцини може да се закажат преку веб-страницата вакцинација.мк.

До сега, 12.165 лица од ризичните категории примиле бесплатни вакцини, а 373 лица се вакцинирани со комерцијални вакцини, што во целина дава 12.538 вакцинирани лица во земјата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни