Македонија

Изминатата недела нови 65 случаи на грип во државава

Изминатата недела нови 65 случаи на грип во државава

Од 25 ноември до 1 декември пријавени се 65 случаи на заболувања слични на грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Овој број е два случаи повеќе во однос на претходната недела и 3,2% повеќе од истиот период минатата година.

Според податоците од последните 14 години, има намалување на инциденцата за 18,9%. Најголемиот број заболени се лица на возраст од 15 до 64 години (43 лица), следат лицата над 65 години (11), деца од 5 до 14 години (9), и најмладите деца до 4 години (2).

Највисока инциденца е забележана во возрасната група од 5 до 14 години (10,2 на 100.000). Според региони, најмногу случаи се пријавени во Куманово (18), Гостивар (17) и Тетово (8).

Од почетокот на сезоната 2024/2025, вкупниот број на заболени изнесува 454. Од ИЈЗ повторно препорачуваат вакцинација против сезонски грип, како најдобра превенција, особено за ризичните групи. Досега, во Македонија се вакцинирани 71.313 лица, со бесплатна или комерцијална вакцина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни