Израелската војска соопшти дека утринава не успеала да пресретне ракета истрелана од Јемен, која падна во областа Тел Авив и Јафа, а медицинските служби соопштија дека полесно раниле 14 лица, јавија Ројтерс.
Болничарите лекувале 14 лица со полесни рани од шрапнели, а некои од нив се пренесени во болница, се вели во соопштението на итната медицинска помош.
Израелската полиција соопшти дека добила извештаи за пад на ракета во областа Тел Авив.
Бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран, постојано истрелуваа беспилотни летала и проектили врз Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа.
Во четвртокот, Израел започна воздушни напади врз пристаништата и енергетската инфраструктура во областите во Јемен под контрола на Хутите и се закани со нови напади против групата.