Израел гради регионален сојуз за противвоздушна одбрана под водство на САД, изјави министерот за одбрана Бени Ганц, додавајќи дека алијансата веќе ги спречила обидите за напад на Иран, пренесе Ројтерс. Според Ганц, посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Израел, закажана за 13-ти и 14-ти јули, дополнително ќе го зајакне овој процес.
Во последниве години, Израел се зближи со арапските земји поддржани од САД, кои имаат заедничка загриженост за Иран. Израел им понуди да започнат соработка во областа на одбраната. Тие јавно реагираа на идејата.
Во официјален транскрипт од состанокот на парламентарната комисија за надворешни работи и одбрана се вели дека Програмата за воздушна одбрана на Блискиот Исток веќе функционира и дека ги спречила иранските обиди за напад на Израел и други земји. Во документот не се споменуваат имињата на земјите-партнери и не се дадени дополнителни информации за спречените напади.
Иран, долгогодишен непријател на Израел и регионален ривал на арапските држави во регионот, вели дека неговата воена акција е одбранбена.
