Во неделата, израелскиот претседател Исак Херцог му додели мандат на Гади Ајзенкот, лидер на партијата „Јашар“, за формирање нова влада. Ова уследи по парламентарните избори на кои ниту неговиот блок, ниту сојузот предводен од премиерот Бенјамин Нетанјаху, не обезбедија мнозинство.
Според основните закони на Израел, Ајзенкот има рок од 28 дена да формира влада. Како што пренесува новинската агенција „Анадолу“, повикувајќи се на дневниот весник „Једиот Ахронот“, претседателот Херцог може да му одобри продолжување на рокот за дополнителни 14 дена.
Во саботата, по консултациите со парламентарните групи, Херцог ја објави својата одлука да побара од Ајзенкот да ја формира следната влада.
Од неговиот кабинет соопштија дека политичките групи што претставуваат 67 пратеници во Кнесетот (кој брои 120 пратенички места) го предложиле Ајзенкот, додека групите што застапуваат 46 пратеници дале поддршка за Нетанјаху. Една група, составена од седум пратеници, не предложи ниту еден кандидат.